Опозицискиот предлог за анкетна комисија за работата на СЈО, според Костадинов е неприфатлив – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/19 7:39 PM

Опозицискиот предлог за анкетна комисија за работата на СЈО, според Костадинов е неприфатлив

Предлогот на опозицијата, да се формира анкетна комисија за работењето на СЈО, според портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов е неприфатлив.

„Очигледна е паниката во ВМРО-ДПМНЕ и продолжуваат во обидот да си ги амнестираат криминалот и криминалците во нивните редови. Едно нешто можам со сигурност да им порачам, дека како што не успеаа да ги спречат предметите на СЈО да пропаднат, исто така нема да успеат да се спасат од одговорност. Нашиот став е сосема јасен, одговорност за секој кој што се огрешил пред законот, без разлика на неговата партиска, политичка, етничка определба, одговорност мора да има и одговорност ќе има. Тоа важи и за раководството и на ВМРО-ДПМНЕ и сегашното и претходното, но и за нивните тајкуни кои што се појавија за време на нивното 11 годишно владеење“, изјави Костадинов.

Деталите за предлогот за анкетната комисија ги образложи пратеникот, Антонио Милошоски. Според него, комисијата не би се занимавала со какви било обвинителски или судски предмети, но би го утврдувала начинот на материјално и финансиско работење на Обвинителството.