Опозицијата испрати писмо до Жбогар за да ги предочи своите критики за Предлог законот за Академијата за судии и јавни обвинители – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/19 4:05 PM

Опозицијата испрати писмо до Жбогар за да ги предочи своите критики за Предлог законот за Академијата за судии и јавни обвинители

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ испратија писмо до евроамбасадорот Самуел Жбогар за да се пожалат дека според нив, власта ги руши принципите за упис на Академијата за судии и јавни обвинители. Пратениците во дописот испратен до Жбогар ги истракнуваат своите забелешки за Предлог законот за Академија на судии и јавни обвинители, кој го предложи Министерството за правда и тоа со европско знаменце, со цел усогласување со правото на Европската унија.

Според опозициските пратеници, одредбите од предложеното законско решение не предвидуваат рангирање на кандидатите според постигнатиот успех во образованието, а за да се докаже познавање на странски јазик не е потребен меѓународно признат сертификат, туку полагање во фирма што се избира на тендер од страна на Генералниот секретар во Владата.

Опозицијата смета дека доколку се донесе овој Закон, ќе се уназадат досега постигнатите реформи во Академијата.

Десетмината пратеници кои го потпишуваат писмото, го замолуваат Жбогар да ја информира за ова и Европската комисија.

Меѓу потпишаните пратеници во писмото до  Жбогар е и Зоран Илиоски, кој на оваа тема реагира и преку прес конференција.