Киднапиран педесет и шестгодишен тетовец – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/19 2:49 PM

Киднапиран педесет и шестгодишен тетовец

Шеесет и седумгодишник од гостиварското село Балиндол, вчеравечер пријавил дека во непосредна близина на железничката станица во Гостивар, во возило „Мерцедес” со кичевски регистарски ознаки насилно бил внесен 56-годишен жител на Тетово, инаку вработен во неговиот угостителски објект.

 Возилото набрзина се оддалечило, по што во населбата Малеарди киднапираниот според неговото кажување, бил симнат од возилото во кое се наоѓале  три лица сите од кичевско. Набрзо потоа, на излез од Гостивар тие се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар.

 По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 На полошкото подрачје и понатаму голем број возачи возат со брзина над дозволеното

Во рамките на засилените сообраќајно-контролни активности, кои во континуитет ги спроведува Секторот за внатрешни работи Тетово, во периодот од 9-ти до 15-ти овој месец вкупно откриени се 227 пречекорувања на дозволената брзина.                      

Откриените прекршоци во овој период заокружени се со вкупно 190 мандатни, 23 прекршочни платни налози и со 14 писмени опомени.Во периодот за кој станува збор констатирани се и 20 други видови сообраќајни прекршоци.

Секторот за внатрешни работи  Тетово веќе подолго време интензивно реализира превентивно-контролни активности за поголем ред со паркирањето во Тетово и Гостивар.

Вчера  во Тетово вкупно подигнати се 17 непрописно, односно погрешно паркирани возила, а сопствениците на 18 други писмено се опоменати, исто така, поради неправилно паркирање.Во Гостивар,пак, бројот на подигнатите возила изнесувал 4.

И овој месец најмногу се санкционираат  неправилно паркирани возила во близина на крстосници, во зеленило, на тротоари или на други јавни сообраќајни површини, кои го попречуваат нормалното и безбедно движење на другите учесници, како и паркираните во таканаречени двојни редови.

Зоран Димовски