Комисија на Правниот факултет во Подгорица, главниот град на Црна Гора, утврдила дека вонредната професорка на тој факултет Бојана Лакиќевиќ Ѓурановиќ неовластено презела 97,77 отсто од труд на поранешен студент, односно напишала научен труд со само 88 свои зборови.
Професорката го плагирала трудот на својот поранешене студент Ѓорѓи Дринчиќ, дознаваат „Вијести“ во Ректоратот на Универзитетот на Црна Гора, повикувајќи се на заклучок на Комисијата на Правниот факултет, која од Сенатот на Универзитетот добила задача да спроведе постапка за утврдување на фактичката состојба. Во комисијата членувала и деканката на Правниот факултет.