Следната година Одборот за доделување на Нобеловата награда на масата, помеѓу другите, ќе ја има и веројатно најживописната кандидатура во историјата на тоа признание. Група антрополози за Нобеловата награда за животно дело го кандидираше Раони Метукитери, главатар на амазонското племе кој цел живот работи на зачувување на дождовната прашума.
Осумдесет и двегодишниот Раони пред неколку дена тргна на своевидна турнеја низ Бразил за да бара помош за сопирање на пожарите што беснеат во Амазонија. Тоа не му е првпат и го прави со децении, па го примале и светски лидери, а поради својот став кон прашумата сними и песна со Стинг.