Експлозија во италијанска рафинерија за нафта – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/19 10:21 AM

Експлозија во италијанска рафинерија за нафта

Рано утринава дошло до експлозија во италијанската рафинерија за нафта во градот Саназаро де Бургонди.

Како што наведуваат италијански медиуми, експлозијата се случила во рафинеријата на компанијата ЕНИ, која го потврди инцидентот во еден од објектите во рамките на комплексот. На местото брзо пристигнале противпожарни екипи. Нема повредени, а ситуацијата сега била под контрола.