Адвокатката на Катица Јанева најавува барање за укинување на притворот – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/19 6:23 AM

Адвокатката на Катица Јанева најавува барање за укинување на притворот

Адвокатката на разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева, најавува дека ќе поднесат  барање за укинување на мерката притвор, а за гаранција ќе биде понуден нејзиниот имот.

-Не ми е позната основата по која е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева, како и денешната одлука да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија – рече вчера за ТВ21 Ирена Фрчкоска, која додава дека и одлуката од саботата и последната на Советот на јавни обвинители не ги добиле.

Најави дека денеска ќе го достават барањето за укинување на мерката

На Јанева и е определен 30-дневен притвор што истекува деновиве.

МИА