Македонија – Белорусија 3-1: Македонските одбојкари со прва победа на дебитантското ЕП – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/19 6:16 AM

Македонија – Белорусија 3-1: Македонските одбојкари со прва победа на дебитантското ЕП

По трите порази од Финска, Турција и од Русија, македонската одбојкарска репрезентација синоќа ја постигна првата победа на своето дебитантско учество на едно европско првенство. „Падна“ Белорусија. Ја победивме со 3-1 (23-25, 25-19, 29-27 и 25-20). По загубениот прв сет во изедначена игра, нашите не дозволија психолошки да паднат. Продолжија храбро и на крајот и’ се радуваа на победата.

Денеска од 17.30 часот го играме последниот натпревар во нашата група против домаќинот – Словенија.