Внимавајте! Еве зошто не треба да чувате домати во фрижидер – ММС
ММС

Објавено на: 09/16/19 4:14 PM

Внимавајте! Еве зошто не треба да чувате домати во фрижидер

Доматот се плод на топли поднебја и ако се чува на температура пониска од десет степени доаѓа до распаѓање на клетките внатре во плодот и голема загуба на аромата.

Повеќето луѓе по купувањето, овие вкусни плодови ги ставаат во фрижидер, верувајќи дека така подолго ќе останат свежи и вкусни. Но, вистината е токму спротивното, велат научниците од француското земјоделско здружение. Тие со бројни тестови потврдија дека поради стоењето во фрижидер, доматите многу порано стануваат меки и го губат вкусот.

Доматите потекнуваат од поднебја со топли клими, а чувањето во фрижидер во нив предизвикува хемиски промени кои предизвикуваат распаѓање на клетките. Тоа се случува на температури пониски од 10 степени – додека повеќето фрижидери се поставени на темепература од околу два до шест степени.

Тогаш ослабува аромата на доматите, а кората станува збрчкана и текстурата на самиот плод е мека, особено ако во фрижидер стојат повеќе од два дена.

Сепак, научниците истакнуваат дека ако веќе сте купиле меки и презрели домати, тогаш ставањето во фрижидер неколку часа пред послужување е добра идеја, бидејќи студот ќе предизвика непосреден хемиски ефект на „стврднување“ на доматите. Но, во тој случај, ќе се случи спротивното ако во фрижидер останат подолго.

Извор: denar.mk