Непознат гигант кој може да го затресе европскиот технолошки пазар – ММС
ММС

Објавено на: 09/16/19 3:42 PM

Непознат гигант кој може да го затресе европскиот технолошки пазар

На европскиот технолошки пазар се појави нов, речиси непознат играч – Prosus Group од Јужна Африка, вредна компанија речиси 100 милијарди долари, за кои упатените тврдат дека во Европа, со исклучок на германската софтверска компанија SAP – нема конкуренција.

Една од најголемите технолошки инвестициски компании Naspers се најде на берзата во Амстердам со јужноафриканската компанија Prosus, вредна скоро 100 милијарди долари. Така овој технолошки гигант од Јужна Африка, за кој малкумина слушнале, веднаш стана третата највредна компанија на берзата во Амстердам, веднаш зад Royal Dutch Shell и Unilever, а извршниот директор на Prosus Group, Боб ван Дијк, по тој повод изјави дека тоа е голем чекор кон проширување на светскиот пазар.

Според CNBC, упатените посочуваат дека Prosus може да се натпреварува со големи технолошки компании како Google, Facebook, Alibaba и Amazon и затоа сериозно го вознемири европскиот технолошки пазар, кој освен германската софтверска компанија SAP досега немаше фирма која би можела да се натпреварува со најголемите технолошки компании од САД и Кина.

Имено, Nespers планира акциите на сите компании да ги префрли на Prosus, додека Nespers во него држеше удел од 75 проценти. Инаку, својот голем скок  Nespers го направи во 2001 година кога вложи речиси 32 милиони долари во кинескиот Tencent, чија вредност сега надминува милијарда долари.

Поради зголемената сегашна вредност на кинески технолошки гигант, тогашното мало претпријатие со седиште во јужниот африкански град Кејптаун, наскоро стана лидер на својот пазар кое само на таа инвестиција заработи 130 милијарди долари. Nespers денес има удел од 31 процент во Tencent.

Nespers е инвеститор и во германската компанија за испорака Delivery Hero, руската интернет групација Mail.ru, како и во OLX групацијата која е сопственик на најголемата интернет продавница во Босна и Херцеговина, Olx.ba.

Извор: denar.mk