Речиси 40 возачи добија казни зашто возеле со недозволена брзина по кумановските улици – ММС
ММС

Објавено на: 09/16/19 9:59 AM

Речиси 40 возачи добија казни зашто возеле со недозволена брзина по кумановските улици

Во текот на викендот кумановската полиција презеде мерки и активности со кои констатира  дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, a од сообраќај се исклучени 14 возачи. Од исклучените возачи, тројца  управувале под дејство на алохол и 11 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Како што додаваат од кумановската полиција, од сообраќај се исклучени 8 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е еден возач поради престигнување и еден поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Во текот на викендот издадени се 91 мандантен платен налог, 75 прекршочни платни налози, а 8 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.