Запалени околу триста стари гуми кај селото Костурино – ММС
ММС

Објавено на: 09/15/19 8:34 PM

Запалени околу триста стари гуми кај селото Костурино

Фото: Архива

Околу триста стари гуми попладнево се запалени во селото Костурино, кај Струмица – информираат од Територијалната противпожарна единица.

„Пожарот го пријавил сопственикот на гумите, кој се сомнева дека му се намерно запалени“, рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Тројца пожарникари го гаснеле пожарот со едно противпожарно возило, а интервенцијата траела 2 часа. Благодарение на интервенцијата, пожарот не ја зафатил блиската нискостеблеста шума.