Изгоре камион и дел од покривна конструкција во магацин во Струмица – ММС
ММС

Објавено на: 09/15/19 11:55 AM

Изгоре камион и дел од покривна конструкција во магацин во Струмица

Фото: Медиумска информативна агенција

Во магацин на улицата „Маршал Тито” во Струмица утрово се запалиле товарно возило и дел од покривната конструкција, информираат од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

Во гаснењето на пожарот учествувале седум пожарникари и три противпожарни возила.

Пожарот е изгаснат, а балгодарение на навремената интервенија спречено е негово ширење на  соседните простории