Црна Гора: Жени абортираат и по повеќе пати се’ додека не родат машко дете – ММС
ММС

Објавено на: 09/14/19 7:50 AM

Црна Гора: Жени абортираат и по повеќе пати се’ додека не родат машко дете

Во последните 19 години во Црна Гора се родени шест илјади машки бебиња повеќе од женските. Во најмалата балканска држава се се’ пополурани новите, рани крвни тестови за бременост, но не за да се открие дали со плодот е се’ во ред, туку за жената да може да абортира во случај да носи женско дете, пишува РТЛ, а пренесуваат други црногорски и балкански медиуми.

Поради притисокот од околината или семејството и длабоко вкоренетите традиции, жени се присилени да абортираат ако не носат машко бебе.

Во Црна Гора со закон е забрането да се знае полот на детето пред 12. недела на бременост. Но, некаде се отвораат лаборатории и поликлиники во кои со крвни тестови тоа може да се открие во текот на првите два месеца. Поради тоа, во последните 19 години биле родени шест илјади машки деца повеќе од женските, а некои жени, во исчекување машко бебе, бременоста ја прекинуале и по 30 пати.

Стручњаците предупредуваат дека тоа ќе предизвика несогледливи нагативни последици за целото општество.

„Знаевме за жени кои повеќепати имаа прекин на бременост, но знаеме само за едн пример на жена што имала повеќе од 30 прекини на бременост“, вели Маја Раичевиќ од Ценарот за женски права на Црна Гора.