Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во текот на вчерашната посета рече дека Дрвар од Србија ќе добие помош од еден милион евра за проекти од интерес на граѓаните.
„Среќен сум што сум со вас и што можеме малку да помогнеме, особено за да ги охрабриме жителите да останат на своите огништа. Денес префрливме еден милион евра за Дрвар“, рекол Вучиќ откако ја посети таа општина заедно со членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.