Изложба „Боров Дол 2011-2018“-Докази за постоење на рударски населби стари и до 6000 години – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/19 5:15 PM

Изложба „Боров Дол 2011-2018“-Докази за постоење на рударски населби стари и до 6000 години

Илјадниците артефакти кои што се пронајдени на трите археолошки локалитети што беа истражувани на местото каде што за една година треба да се отвори новото рудно тело Боров Дол на единствениот рудник за бакар и злато „Бучим“,дефинитивно покажуваат дека и пред илјадници години постоеле рударски населби. Дел од овие артефакти кои што сведочат за тие дамнешни времиња, од синоќа се изложени во галеријата „Безистен“ во Штип, во рамките на изложбата „Боров Дол 2011-2018 година“.

Директорот на НУ Завод и Музеј на град-Штип, Митко Штерјов, рече дека при истражувањето се откриени и нови локалитети познати само од археолошката карта.

,,Едната е од праисторија, од раното бронзено време и железното време, па до средниот век. Покрај тоа, се откри и една некропола која датира од доцната антика и на крајот сите овие археолошки резултати се претставени во една изложба. Инаку во текот на археолошките ископувања, откриени се повеќе од 1000 предмети. Ние досега успеавме да конзервираме некаде околу 500. Дел од нив, оние позначајните се поставени на оваа изложба, наредните ќе бидат во постојната поставка на Завод-Музеј Штип“, истакна Штерјов.

Заменик-менаџерот на рудникот „Бучим“-Радовиш, Николајчо Николов, на изложбата истакна дека за истражувањата на локалитетите имале склучено четири договори со Министерството за култура и НУ Завод и Музеј-Штип.

Рудникот „Бучим“ во теренските истражувања на археолозите инвестираше 360.000 евра.

,,Ние констатираме дека во нашиот регион на локалитетите Бучим и Боров Дол металургијата била развиена 5000-6000 години пред н.е. Значи толку години постоела некаква металургија и дека тој дел практично бил центар за снабдување со метали. Се разбира дека тогашните количини на метали биле минимални но од тој дел практично доаѓале сите овие метали“,рече Николов

На ископувањата кои што резултираа со отварање на изложбата учествуваале околу 500 археолози и работници.

На свеченото отворање присуствуваше  министерот за култура, Хусни Исмаили, како и археолози од земајва и странство, кои денеска и утре седел од симпозиумот „Рударство и археологија“.