СДСМ: Од каде знае ВМРО-ДПМНЕ кој кандидат колку поени има, кога полагањата во Академијата за судии и јавни обвинители се водат под шифра? – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/19 3:21 PM

СДСМ: Од каде знае ВМРО-ДПМНЕ кој кандидат колку поени има, кога полагањата во Академијата за судии и јавни обвинители се водат под шифра?

Откако опозицијата обвини дека премиерот Заев и генералниот секретар во Владата, Драги Рашковски го контролираат изборот на кандидати во Академијата за судии и јавни обвинители, владеачката СДСМ се огласи со писмено соопштение во кое наведува дека ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и манипулации.

Димче Арсовски и ВМРО-ДПМНЕ да објаснат од каде им се информациите кој кандидат колку поени има освоено, кога полагањата се заведени под шифра? Дали во ВМРО-ДПМНЕ имаат информации кој кандидат под која шифра полага? – прашува владеачката партија која потенцира дека полагањата се одржуваат неколку денови по ред, а не само еден ден.

Арсовски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат од каде им се информациите кој кандидат кога полага, бидејќи и списоците за полагање се со шифра – бараат од СДСМ.