ЕУ со 30 милиони евра ќе и’ помага на Колумбија за справување со приливот на мигранти од Венецуела – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/19 10:22 AM

ЕУ со 30 милиони евра ќе и’ помага на Колумбија за справување со приливот на мигранти од Венецуела

Европската унија ќе испрати 30 милиони евра помош на Колумбија за да и’ помогне да се справи со приливот на мигранти од Венецуела, кои бегаат од економската и политичката криза – најави во Богота шефицата на ЕУ дипломатијата, Федерика Могерини.

„Со задоволство ви најавувам дека ќе и помогнеме на Колумбија со 30 милиони евра да ги идентификува мигрантите и нивната социо-економска интеграција“, рече Могерини која се обрати на заедничка прес-конференција со колумбискиот претседател, Иван Дуке. Таа истакна дека ЕУ ги поддржува напорите на владата и локалните власти да обезбедат вработување, претприемништво и пристојно домување за бегалците.

Могерини потсети дека ЕУ веќе донирала околу 130 милиони евра на земјите од регионот за помош на мигрантите.