Мотоциклист тешко повреден во сообраќајна незгода во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/19 10:06 AM

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајна незгода во Скопје

Четириесет и шестгодишен мотоциклист од Скопје се здобил со тешки телесни повреди при сообраќајна незгода која вчера попладне се случила на улицата „Московска“.

До незгодата дошло кога мотоциклот „сузуки“ со кој управувал сега повредениот, се судрил со патничко возило „пежо 206“ управувано од четириесет и деветгодишен скопјанец.

Мотоциклистот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје – соопшти денеска МВР.