Меѓународна студентска конференција за лица со попреченост – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/19 7:37 AM

Меѓународна студентска конференција за лица со попреченост

Институт за специјална едукација и рехабилитација при Филозофски факултет во Скопје организира Меѓународна студентска конференција за лица со попреченост, која ќе се одржи од 13 до 15 септември на Филозофскиот факултет.

Конференцијата, во чиј фокус се лицата со попреченост, е прва од ваков тип, а учество со теми и разработка на можностите за подобрување на квалитет на животот на оваа категорија се разгледува од различни аспекти.

На неа ќе учествуваат студенти од различни факултети, меѓу кои и студенти со попреченост. Конференцијата ќе биде инклузивна во целост и како даватели на услуги (угостителски и за изработка на конференциски материјали) ќе бидат задолжени лицата со попреченост.