Македонија со пораз од Финска го почна ЕП во одбојка, денеска поправен со Турција – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/19 6:03 AM

Македонија со пораз од Финска го почна ЕП во одбојка, денеска поправен со Турција

Во рамноправен меч, синоќа во Љубљана Македонија со пораз од Финска од 1-3 (23-25, 22-25, 25-23 и 21-25) ги почна натпреварите на своето прво учество на едно европско првенство. Нашите беа рамноправни во текот на целиот натпревар, но попуштаа во решавачките моменти во битката за секој сет. Можеби натпреварот ќе добиеше и друг тек ако го освоемвме првиот сет, во кој имавме и водство од четири разлика, а потоа и од 23-22.

Денеска во второто коло од нашата група од 17.30 играме со Турција, утре противник ни’ е Русија, в понеделник Белорусија, а во вторник Словенија.