ФЗОМ: Од први октомври се укинуваат квотите за приватни аптеки – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/19 2:59 PM

ФЗОМ: Од први октомври се укинуваат квотите за приватни аптеки

Од 1 октомври се укинуваат квотите за сите ПЗУ аптеки со кои Фондот има склучено договор, а се во мрежата на здравствени установи на Министерството за здравство. Со укинување на квотите се надминува долгогодишниот проблемот со недостиг на лекови во текот на цел месец.

Осигурените лица од 01.10.2019 година лековите во аптека ќе можат да ги подигнуваат само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

 Лековите за хроничните пациенти како и лековите за деца и осигурените лица кои не можат сами да подигнат лек поради здравствена состојба, друго лице ќе може да ги подигне во негово име со сопствен документ за лична идентификација.

По октомври ќе следуваат други фази за имплементација на електронско здравство со укинување на хартиениот рецепт и воведување на електронски рецепт и за тоа Фондот навремено ќе ја информира јавноста.