Најмногу европски пари за медиуми дадени во Србија – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/19 12:54 PM

Најмногу европски пари за медиуми дадени во Србија

Европската унија најмногу пари за медиуми дала за Србија, 3,3 милиони евра додека Македонија добила два милиони  евра за медиумски програми. Ова беше соопштено на конференцијата ЕУ Западен Балкан, која се одржува во главниот град на Црна Гора, Подгорица. На конференцијата, организирана од Европската комисија, на која учествуваа 350 претставници на медиуми од регионот, беше истакнато  дека ЕУ во моментов има проекти и програми за поддршка во Западен Балкан во вредност од вкупно 8,2 милиони евра, од кои близу половината се за Србија.

Техничката поддршка за јавните радиодифузери во Србија, РТС и РТВ се вели дека вреди 697.000 евра, а има и девет долгорочни договори со медиумите за истражувачко новинарство и за владеење на правото во вредност од 311 000 евра.

ЕУ инвестира два милиони евра медиуми во Северна Македонија, 950,00 во Албанија, 925.000 во Косово, 650 000 во БиХ и 365 000 во Црна Гора.

Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, се приклучи на конференцијата со видео-порака во која се потврдува дека Европската комисија е посветена на заштитата на слободата на медиумите.

Генералниот директорат за соседство и проширување на Европската комисија, Кристијан Даниелсон, на отворањето на конференцијата рече дека слободата на медиумите е основно право на сите Европејци и дека никој не може да стане членка на ЕУ, доколку ако не гарантира слобода на изразување.

Црногорскиот министер за култура Александар Богдановиќ исто така рече дека виталните и професионалните медиуми играат значајна улога во развојот на демократското општество.

„За жал, професионалното и независно новинарство не е нешто што се сфаќа на глобално ниво, во Европа и во нашиот регион, така што сите мора да работиме на гарантирање и промовирање на слободата на изразување. Исто така, за пропаганда и ширење на дезинформации, не постои едноставен и конкретен одговор и затоа тоа не е работа на медиумите, туку на целото општество “, рече Богдановиќ.