Битола подготвена за отворање на 40-то издание на ИФФК „Браќа Манаки” – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/19 12:33 PM

Битола подготвена за отворање на 40-то издание на ИФФК „Браќа Манаки”

Битола е подготвена за свеченото отворање на јубилејното 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки”.

Најголем дел од сметувачките капацитети во центарот на градот се исполнети, а резервации може да се најдат во околните хостели.

Престижниот филмски фестивал „Браќа Манаки” оваа година ќе биде отворен со филмот „Болка и слава” на култниот шпанскиот режисер Педро Алмодовар, кој својата премиера ја имаше на годинешното издание на Канскиот филмски фестивал.

Организаторите објавија дека е готова селекцијата на филмови кои ќе се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300 и додадоа дека во годинашната селекција се вклучени повеќе филмови со експлозивна визуелна динамика што ги одразува и надградува идеите на сценаристите и режисерите.

Познат е и составот на стручното жири кое ќе го предводи  Едвард Лакман од Соединетите Американски Држави, Ненад Дукиќ од Србија, Доминик Велински од Франција, Калојан Божилов од Бугарија и Фејми Даут од Северна Македонија.

Отворањето на 40-тото издание на фестивалот „Браќа Манаки” е закажано за в сабота, на 14 септември, традиционално во големата сала на НУ Центар за култура-Битола.