„Weekend Media Festival“ мисли зелено и се грижи за екологијата: Без еднократна пластика – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/19 12:22 PM

„Weekend Media Festival“ мисли зелено и се грижи за екологијата: Без еднократна пластика

На 12 –то издание на најголемиот комуникациски фестивал во регионот кој се одржува од 19 –ти до 22-ри септември во Ровињ, за прв пат ќе се користи посебно дизајнирани реупотребливи чаши, со цел да се намали користењето и фрлање на еднократната пластика. На чашите освен логото на фестивалот ќе биде испишана и пригодна порака како со користење на овие чаши ја чуваме природата. По нејзино користење, посетителите чашите ќе може да понесат дома како дополнителен сувенир со најдобриот „Weekend“ во годината.

„Weekend“ од секогаш мисли зелено, што може да се види и на визуелниот идентитет на уредувањето на самиот фестивалски простор. Екологијата не ја сметаме само за тренд, туку стил на живот. Фестивалот без еднократна пластика, сакаме да ја подигне свеста  за екологијата и да се грижиме за природата колку што можеме“, истакна Томо Рицов, директор на „Weekend Media Festival“.

Реупотребливите чаши може да се земат на шанковите сместени внатре во фестивалскиот комплекс во Старата фабрика за тутун во Ровињ. Посетителите своите чаши ќе може да ги понесат со себе, но и ако ги остават на предвиденото место, посебни пунктови.

Овогодинешниот „Weekend“ ќе донесе повеќе од 150 предавачи и панелисти, а во тие три дена преку 5000 учесници од сите земји во регионот кои ќе можат да уживаат во богатата фестивалска програма која ќе се одржи во пет паралелни дворови. Новитет е „Weekend Masterclass“ кој во најпрестижните хрватски хотел, Гранд Парк Хотел Ровињ го носи легендарниот челник Таг Хеуера и Хублота, Jean Claude Bivera кој во четврток на 19 –ти септември во11 часот ќе ги открие тајните на водење луксузен бренд и со тоа ќе ја отвори годинашната програма на фестивалот.