Претставниците на Косово го откажале планираото учество на самитот на Вишеградската група и западен Балкан во Прага веројатно поради најавата на чешкиот претседател Милош Земан дека наскоро во неговата земја ќе ја стави на дневен ред можноса за повлекување на признавањето на независност на Косово.
Портпаролката на косовската Влада, Доњета Гаши, изјавила дека во Косово се подготвуваат вонредни избори, а тоа го спречило премиерот во оставка Рамуш Харадинај да присуствува на самитот.
Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, рече дека најавите оти Чешка би можела да го повлече признавањето на Косово е дел од напорите на Белград да шири лажни вести.