Илиевски: Не ми даваат работни задачи, ми ги одземаат предметите и сум соочен со мобинг – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/19 11:53 AM

Илиевски: Не ми даваат работни задачи, ми ги одземаат предметите и сум соочен со мобинг

Не ми даваат работни задачи, ми ги одземаат предметите и сум соочен со мобинг, вели вишиот просветен инспектор, Ѓорѓи Илиевски кој денеска беше на средба во Германската Амбасада во Скопје.

Илиевски вели дека Амбасада била заинтересирана за незаконските професорски дипломи на министерот за образование Адеми и на заменикот на МВР, Нихиу, кој пред неколку месеци тој ги обелодени, како и за она со што тој се соочува деградирање на неговата функција од виш инспектор, инспектор во основното образование.

„Едноставно за некои работи беа запознаени, з аовие мое работи сега се веќе запознаени и ќе бидат во тек на запознавање и согледување на работите. И нормално тие во согласност со нивната активност ќе си ги постават извештаите таму каде што им е местото. Тие исто така констатираа дека не можат да влијаат на домашното законодавство, но ќе си имаат чекори кои понатаму ќе бидат информирани други институции надвор од нашата земја“, вели Ѓорѓи Илиевски, кој смета зад сето ова што нему му се случува стојат високи функционери.

„Почнувајќи од премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кои и те како се инволивари во овие скандали„, вели Илиевски.

Тој се пожали на мобинг на работното место, преку одземање предмети и недавање на работни задачи.

„Да, одкога се вратив од одмор, веќе едноставно не ми даваат работни задачи, ми ги одземаат предметите, апредметите не можам да ги дадам туку така мора да оди како што треба, бидејќи даденото решение не е конечно, не е правосилно и јас сите овие работи си ги терам по законски пат“, појаснува Илиевски.

Илиевски се уште нема добиено одговор од поднесената жалба до Агенцијата за државни службеници, ниту пак од останатите институции каде што се обратил.

„Јас исто така испратив и повторно до Народен правобранител, Трудовата инспекција, Управниот инспекторат и до Државната комсија за спречување на корупција, морам да кажам со жалење, повеќе од три месеци, Државната комисија за спречување на корупција, нема преземено ништо“, вели Илиевски.

Илиевски вели дека тука нема да застане, за обелоденетиот скандал за незаконски скеткнати професорски дипломи ќе тропне и на вратата на Американската Амбасада во Скопје.