Васа Радовиќ (49) од Пожаревац, Србија, која седум години помина во затвор во Перу (Јужна Америка), се врати во Србија. Таа во 2011 година во лажна наградна игра добила награда – патување во Перу. Но, при враќањето во багажот и’ била подметната дрога, поради што е осудена на десет години затвор, пренесуваат „Вечерње новости“.
Поради примерното однесување во затворот, условно е пуштена по седум години, но речиси една година не успеала да се врати во Србија. Парите за авионски билет од Лима до Белград во хуманитарна акција ги собрале граѓаните на Пожаревац. Поради бирократски пречки, граѓаните двапати собирале пари за авионски билет, но двата обида пропаднале. Третиот успеал.