Не е само Амазонија, исчезнуваат и „белите дробови на Европа“ на Карпатите – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/19 10:06 AM

Не е само Амазонија, исчезнуваат и „белите дробови на Европа“ на Карпатите

Додека сите гледаат кон Бразил и уништувањето на амазонската прашума, слична драма се случува и во Европа – на Европската комисија завчера и’ е предадена тужба против Романија поради дефорестација на заштитените прашуми. Три еколошки организации бараат ЕУ да ги дисциплинира романските власти и да влијае во Романија да престане дефорестацијата на прашумите и заштитените шуми, наведувајќи дека се работи за кршење на европските закони и за уништување на „белите дробови на Европа“.

Се наведува дека биле уништени дури 45 отсто од 218.000 хектари од прашумата на колку што ја имало во 2005 година. Како што се наведува, ситуацијата е дотолку подраматична кога се знае дека две третини од европските прашуми, ако се изземе Скандинавија, се во Романија.