Ристоска: СЈО треба да функционира до септември 2020 година – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/19 9:55 AM

Ристоска: СЈО треба да функционира до септември 2020 година

По информациите дека се прави попис во СЈО, специјалната обвинителка Ленче Ристоска изјави дека СЈО денеска со соопштение ќе информира за настаните. Пред судењето за случајот Талир, Ристоска беше прашана дали се чувствуваат изиграни од политичарите. Обвинителката одговори дека СЈО се уште постои.

–  Многу пати апелиравме за важноста на носење на овој закон. Тоа го има и во последното наше соопштение зошто е важно да се донесе тој закон. СЈО се’ уште постои, се уште функционираме, по Законот за СЈО до септември 2020 и верувам дека ќе најдат начин. Јас се уште негувам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решени, изјави специјалната обвинителка Ленче Ристоска, која рече дека се борат за статусот на секој вработен во СЈО.