Новиот Закон за мигранти на Трамп доби виза од Врховниот суд на САД – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/19 8:29 AM

Новиот Закон за мигранти на Трамп доби виза од Врховниот суд на САД

Врховниот суд на САД го одобри барањето на администрацијата на американскиот Доналд Трамп целосно да се спроведе ново правило со кое ќе се намалат барањата за азил на имигранти на американско-мексиканската граница.

Судот, како што пишуваат американските медиуми, утврдил дека законот, според кој повеќето баратели на азил најпрво бараат безбедно засолниште во трета земја преку која минуваат на пат кон САД, да стапи на сила додека продолжува спорот за неговата законитост.