Климатските промени во фокус на шестата сесија на Работната група 1 за земјоделство и рурален развој – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/19 8:01 AM

Климатските промени во фокус на шестата сесија на Работната група 1 за земјоделство и рурален развој

„Предизвиците во земјоделството соочено со климатските промени” е темата на денешната шеста сесија на Работната група 1 (Земјоделство и Рурален развој) на Националната конвенција за Европска унија во земјава.

На сесијата што ќе се одржи во Клубот на пратениците ќе учествува и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Сесиите на Работната група 1 почнаа во март минатата година. Тема на првата сесија беше како да се подобри искористеноста на ИПАРД2 Програмата, втората сесија беше за кредитирање на земјоделството и агро-бизнисот, третата ги опфати земјоделските задруги, четвртата се однесуваше на семејнто земјоделство како модел за одржлив рурален развој, додека во фокусот на петтата сесија беа локалните чинители во функција на развојот на руралните средини.