Кој ќе ја замени Кристин Лагард на функцијата шеф на ММФ – ММС
ММС

Објавено на: 09/11/19 3:02 PM

Кој ќе ја замени Кристин Лагард на функцијата шеф на ММФ

Бугарката Кристалина Георгиева е единствениот кандидат за шеф на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Таа на оваа функција ќе ја замени Кристин Лагард, која поднесе оставка за да го преземе раководењето со Европскатта централна банка.

„Периодот за номинации за функцијата извршен директор заврши во петокот, 6 септември. Единствената кандидатка, Кристалина Георгиева, сегашен генерален директор на Светската банка и бугарска државјанка, ја потврди нејзината волја да се кандидира“, се вели во соопштението на ММФ.

Управниот одбор на Фондот сега ќе организира состаноци помеѓу кандидатот и администрацијата.

Кристин Лагард в четврток официјално ќе ја напушти функцијата.

Извор: denar.mk