Употребата на антибиотици го зголемува ризикот за појава на оваа болест – ММС
ММС

Објавено на: 09/11/19 2:50 PM

Употребата на антибиотици го зголемува ризикот за појава на оваа болест

Новото истражувања откри дека употребата на антибиотици може да го зголеми ризикот од развој на ревматоиден артритис за 60 проценти.

Не е целосно јасно дали антибиотиците дефинитивно ја активираат или ја предизвикуваат состојбата, но постои очигледна врска помеѓу нив. Покрај тоа, истражувачите веруваат дека овој ризик се зголемува со количината на антибиотски третмани кои личноста ги прима.

Се смета дека поголемата употреба на антибиотици е во корелација со поголема шанса за развој на ревматоиден артритис.

Не се утврдени кои видови антибиотици се во прашање, но е откриено дека видот на инфекција која со овие лекови се лечи има големо влијание.

Истражувачите откриле дека кога антибиотиците се користеле за лекување на горните респираторни инфекции, постоела поголема шанса кај личноста за развој на ревматоиден артритис.

Постојат многу фактори на ризик, вклучувајќи дебелина, пушење, семејна историја, депресија, физичка или емотивна траума и употреба на одредени лекови.

Извор: denar.mk