Лекција од Приедор: Едното девојче е ќерка на православен свештеник, другото на имам (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 09/11/19 12:35 PM

Лекција од Приедор: Едното девојче е ќерка на православен свештеник, другото на имам (ФОТО)

Фотографијата објавена на Фејсбук предизвика лавина позитивни реакции во Босна и Херцеговина, но и во соседните змји, а сите се сложуваат, како што напиша некој, дека светот би бил подобар кога би се угледал на децата.

Фотографијата е направена во Приедор. Девојчињата се снимени како со ранчиња на грбовите одат на училиште. Многумина се воодушевиле кога дознале чии ќерки се.

„Едното девојче е ќерка на православен свештеник, а второто на имам. Секој ден во 12 и 15 се наоѓаат на договореното место и одат заедно на училиште“, пишува во описот на фотографијата.