Франција од нас бара владеење на правото и продолжување на реформите – ММС
ММС

Објавено на: 09/11/19 10:54 AM

Франција од нас бара владеење на правото и продолжување на реформите

Амели де Моншалин, државен секретар во француското Министерство за Европа и надворешни работи,  во разговорот со министерот за надворешни работи Никола Димитров ја повтори француската позиција за приближување на земјите од Западен Балкан со Европската унија и особено ја истакна потребата за целосно почитување на владеењето на правото, што е во срцето на европските вредности и продолжувањето на реформите,  јавува дописникот на МИА од Париз, пренесувајќи соопштение од француското Министерство за надворешни работи.

На средбата на Димитров и Де Моншален е направен преглед на европската перспектива на Северна Македонија.

– Државниот секретар во разговорот со шефот на македонската дипломатија потсети на заложбата на Франција да го поддржува одржливото стабилизирање, економскиот и социјалниот развој и зајакнување на владеењето на правото во Западен Балкан, потпирајќи се врз стратегијата на Франција за регионот, стои во соопштението