Како што пишува „Смартдарт“, возовите во Шпанија возат со најголема просечна брзина во Европа од 199 километри на час, втори се француските возови со 196, а трети италијанските со просечна брзина од 170 километри на час. На четврто место се возовите во Германија ( 142 километри на час), а на петто во Велика Британија (134).
Во Хрватска просечната брзина на возовите е срамни 58 километри на час, што е двојно побавно отколку во Австрија (107), повеќе од двојно побавно од Полска (114), значително побавно од Грција (94), Унгарија (84), па дури и од Бугарија (73) и Словенија (72 километри на час), пренесува хрватсски „Индекс“.
Додава и оти единствени земји во Европа што имаат побавна железница од хрватската, но кои не се членки на ЕУ, се Босна и Херцеговина со просечна брзина од 54, Македонија со 53 и Албанија со 28 километри на час.