Цела Будва на нозе: Се бараше исчезнато шестгодишно дете – го најдоа живо и здраво во шахта – ММС
ММС

Објавено на: 09/11/19 8:23 AM

Цела Будва на нозе: Се бараше исчезнато шестгодишно дете – го најдоа живо и здраво во шахта

Шестгодишниот Петар Дулетиќ од Будва, кој исчезна во вчерашните претпладневни часови кај ресторанот „Зелени гај“, пронајден е жив и здрав, пишуваат црногорски медиуми.

Детето е пронајдено во шахта за канализација на Словенската плажа во Будва. Детето повеќе од сто метри одело низ цевка под земјата, а неговиот плач го слушнале граѓани кои ги известиле надлежните служби.

Група пожарникари морале дури 300 метри да се провлекуват низ цевка додека да го најдат детето.

Таткото на момчето, кога го пријавил исчезнувањето, рекол дека Петар е дете што не зборува, но оти многу сака вода.