БиХ: Зеничките рудари штрајкуваат со глад во јамите – ММС
ММС

Објавено на: 09/11/19 8:20 AM

БиХ: Зеничките рудари штрајкуваат со глад во јамите

Четворица рудари на Рудникот за јаглен во Зеница, Босна и Херцеговина, во текот на изминатата ноќ биле однесени со брза помош и хоспитализирани во зеничката болница.

Три смени на погоните Стара јама и Странјани прво влегоа во јамите и одбиваа да излезат, а вчера од 15 часот почнаа штрајк со глад во јамите, поради блокираната сметка на Рудникот и наисплатените плати и хранарини на рударите, пишуваат босанските медиуми.