Во самоубиствениот напад со грабнати патнички авиони врз Светскиот трговски центар во Њујорк и зградата на Пентагон во Вашингтон на 11 септември 2001 година, загинаа околу 3.000 луѓе. Двете кули високи по 410 метри во Светскиот трговски центар целосно се урнаа, а зградата на Пентагон беше значително оштетена.
Обвинувајќи го Осама бин Ладен, лидер на исламските екстремисти кој се криеше во Авганистан за организацијата на терористичките напади, САД на 7 октомври почнаа бомбардирање во Авганистан, а подоцна и со повеќе други акции против Ал Каеда.