Напаѓачкиот тандем на Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез го пропуштија денешниот тренинг на каталонскиот тим – објави на својот Твитер новинарот, Онда Церо Алфредо Мартинез. Тој исто така, истакна дека на тренинзите се вратија Жорди Алба и Серхио Бускетс.
Претходно медиумите објавија дека Меси и Суарез ќе можат да играат на следниот натпревар од Шпанското првенство против Валенсија.
Натпреварот е закажан за 14 септември во 21 часот на „Камп ноу“.