Инвестирани 1,3 милијарди денари во општините – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/19 3:15 PM

Инвестирани 1,3 милијарди денари во општините

Европската унија е одлучна да биде уште поприсутна во општините ширум земјава – тврди евроамбасадорот, Самуел Жбогар. Според него, не е важно само да се инвестира, туку и да се одржува она во што е инвестирано, но и да се зголеми свеста на граѓаните. Овие пораки тој денеска ги испрати од Клубот на пратеници во Скопје,  каде се одржа завршниот настан за проектот ЕУ ИПА грант за рурална инфраструктура.

Во рамките на овој проект, во руралните средини на 78 општини се реализирани 135 под-проекти во вкупна вредност од 1,3 милијарди денари. Со оваа сума се реконструирани патишта, но и јавни згради, набавена е комунална опрема, инсталирани се фотоволтаични системи, но изградени се градинки и училишта. Паричните средства, се искористени во партнерство со Светска банка, а директорот на Канцеларијата во Скопје, Марко Мантованели информира дека во тек се разговори за да се обезбедат нови 78 милиони евра за патишта.

Надлежните порачаа дека со обезбеден рамномерен развој се обезбедува и напредок во државата. Според нив, апиталните инвестиции, претставуваат инвестиција во лична изградба и иднина.