Кривична пријава и парична казна за професорката од Неготино која прати ученик на натпревар во име на нејзиниот син – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/19 1:52 PM

Кривична пријава и парична казна за професорката од Неготино која прати ученик на натпревар во име на нејзиниот син

Професорката од неготинската гимназија која натерала ученик да учествува на натпревар во име на нејзиниот син,  заработи кривична пријава од полицијата. Исто така, на професорката ќе и’ се  откинуваат  по 15 проценти од личниот доход во рок од шест месеци, како вкупна казна од училиштето.

Дисциплинската комисија формирана за овој случај и составена од  тројца членови  и нивни заменици, сите професори, одлучила професорката  да се казни со одземање на 15 отсто од плата во рок од три месеци.

​„Но, тоа беше одлука на комисијата која одлучуваше врз основа на расположливите податоци само за овој случај, а директорот имаше право да ја прифати таа одлука или да ја дополни. Бидејќи согласно закон, последната одлука околу казната е на директорот, кој пак имаше предвид дека истата личност е казнувана и лани, кога имаше писмена опомена и одземање на класно раководство, па веќе не може да помине со најблагата казна, тој одлучи казната да биде 15 проценти од плата, но во рок од шест месеци. Така е според правилниците според кои се раководеше, информираа  од училиштето.

Во текот на април 2019 пријавената, наставник во СОУ „Свети Кирил и Методиј“ Неготино, навела ученик во наведеното училиште, на 03.05.2019 да учествува на државен натпревар на електротехничките, машинските и сообраќајните училишта, кој се одржал во Битола, во име на нејзиниот син. Ученикот освоил трето место во име на нејзиниот син, кој на денот на одржување на натпреварот бил надвор од државата –  вели портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

Ангел Данов