Заев пред лидерската средба со Мицкоски: Легитимно е опозицијата секогаш да бара избори – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/19 11:47 AM

Заев пред лидерската средба со Мицкоски: Легитимно е опозицијата секогаш да бара избори

Легитимно е опозицијата секогаш да бара избори. Ова денеска го изјави премиерот, Зоран Заев во пресрет на вечерашната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање, како ги коментира најавите од опозицијата дека ќе го отвори прашањето за предвремени избори и покрај најавите дека во фокусот на средбата ќе биде новиот Закон за Јавно обвинителство, Заев рече дека нема дилеми да разговара за кое било прашање.

,,Тие побараа предвремени избори. Океј, нека биде октомври 2020. Стоиме на тие ставови и ќе разговараме. Не ги знам аргументите, но ние се водиме според тоа што е најдобро за државата”.

Премиерот смета дека прашањата не се нерешливи, но потребна е одговорност, бидејќи како што потенцира, и ЕУ очекува секогаш да направиме некој чекор напред.

Лидерската средба почнува вечерва во 20 часот во Собранието.