За осум години во Сирија уништени или оштетени повеќе од 120 христијански храмови – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/19 11:20 AM

За осум години во Сирија уништени или оштетени повеќе од 120 христијански храмови

За ова се одговорни сите страни, соопшти вчера сириска невладина организација поврзана со опозоцијата.

Сириската мрежа за човекови права со седиште во Катар во објавениот извештај наведува дека сириската влада е одговорна за 60 отсто од нападите на црквите во осумгодишната војна. Другите напади ги извеле групите Исламска држава, Хајат Тахрор ал Шам, која е поврзана со Ал Каеда, како и други бунтовнички групи. Во еден напад во 2015 година Исламска држава со булдожери го уништи и древниот манастир „Св. Елијан“.

Христијаните беа околу десет отсто од 23. милиони жители на Сирија пред војната. Половина од населението сега е или интерно раселено или ја напушти земјата.