Единаесетгодишно девојче од Црна Гора присилно омажено во Косово – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/19 11:14 AM

Единаесетгодишно девојче од Црна Гора присилно омажено во Косово

Во управата на црногорската полиција пријавен е уште еден случај на присилен малолетнички брак, објавуваат црногорски медиуми. Девојчето се наоѓало на територијата на Косово, а, како што за РТЦГ рекла Фана Делија од Центарот за ромски иницијативи, уште немало повратни информации за единаесетгодишното девојче од Црна Гора, иако случајот во полиција бил пријавен во петокот.

„Очекуваме девојчето да го вратат од Косово и да се преземат сериозни чекори за спречување на вакви договорни бракови во кои многу често жртви се и малолетнички“, вели Делија.