Ѓурѓај му јa врачи почесната награда „Илинден” на Архимандрит Партениј – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/19 8:49 AM

Ѓурѓај му јa врачи почесната награда „Илинден” на Архимандрит Партениј

Претседателот на македонското друштво „Илинден” со седиште во Тирана, Никола Ѓурѓај беше во посета на Бигорски манастир и на игуменот Архимандрит Партениј лично му ја врачи почесната награда „Илинден”.

„Огромна чест ми беше што токму пред патронот на овој познат божји храм, Отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован да се сретнам со отец Партениј и лично да му ја предадам наградата. Му посакав добро здрвје и успешно продолжување на неговата мисија“, рече Ѓурѓај.
Наградата „Илинден” е воведена оваа година по повод јубилејот 10 години постоење на друштвото. Се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија.