Макрон му се извини на Рама за погрешната химна – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/19 5:41 PM

Макрон му се извини на Рама за погрешната химна

Францускиот претседател Емануел Макрон му се извини на албанскиот премиер Еди Рама, откако пред почетокот на натпреварот Франција – Албанија, беше интонирана химната на Андора наместо албанската химна во Париз. Албанската репрезентација остана збунета кога на почетокот на квалификациите за Европските првенства во 2020 година, се слушна химната на Андора Моќниот Карло Велики, наместо на албанското Поздрав на знамето.

Албанските навивачи веднаш реагираа кај организаторите, а фудбалерите одбија да играат додека не се поправи грешката, оставајќи натпреварот да задоцни десет минути.

Кога најавувачот на стадионот го увиде проблемот, им се извини на навивачите на Ерменија – земја која не е ниту во иста квалификациска група.

Франција победи со 4-1.

По натпреварот, францускиот селектор Дидиер Десан јавно се извини за грешката.

-Ги разбирам Албанците и логично е да чекавме за да можат и тие да ја слушнат химната пред натпреварот, рече Десан.

Албанскиот премиер Еди Рама во неделата напиша на Твитер дека добил „искрено извинување за скандалозниот гаф на Француската фудбалска федерација со нашата химна!“