Од Хируршкото оделение при Клиничката болница Тетово испратија демант до медиумите поврзан со вчерашниот инцидент, за кој, СВР Тетово во полицискиот билтен објави дека жител од Брвеница пријавил дека бил нападнат од лекар. Дежурната екипа која била на работа ја демантира случката, која беше пријавена од жител на Брвеница во полиција. Екипата била вербално нападната од пациентот и овој случај е пријавен во СВР Тетово. Во исто време дежурните лекари бараат извинување од пациентот поради нарушување на угледот, стои во демантот од болницата
Објавено на: 09/9/19 4:47 PM