(ВИДЕО) Потоп во Суботица по силниот дожд и град – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/19 4:25 PM

(ВИДЕО) Потоп во Суботица по силниот дожд и град

Пороен дожд, проследен со град, ја зафати Суботица попладнето по 14 часот. Огромна количина дожд падна за кратко време, па многу улици беа поплавени, пренесува РТС.
Најкритично е под железничкиот подвозник, кој е потопен заради огромниот прилив на вода, а сообраќајот е стопиран.
Пожарникарите и комуналните служби се ангажирани да извлечат возило со шведски регистарски таблички што е заглавено во водата под подвозникот.
Според првичните информации, ветрот откорнал неколку дрвја во Палиќ.
Издадено е предупредување за опасност од невреме во северниот дел на Србија.